Драги млади,
Оваа анкета е дел од истражување кое има за цел да утврди кои навики, потреби и желби ги имаат младите кога станува збор за начинот на информирање за активностите на младинските организации.
Истражувањето се спроведува како вежба односно дел од практичната работа во рамки на обука за работници со млади што ја спроведува Сојузот за младинска работа. Сознанијата од оваа анкета ќе бидат искористени за да обезбедиме информирање на младите на начинот на кој најмногу им одговара нив.
Ве молиме имајте предвид дека, во контекст на оваа анкета, за младинска организација ќе се смета секоја организација која е регистрирана согласно со Законот за здруженија и фондации, во која највисокото тело на одлучување е составено од најмалку две третини млади лица на возраст од 15 до 29 години и чиишто цели и активности се дефинирани и насочени кон унапредување на интересите на младите.
За млади ќе се сметаат лица на возраст од 15 до 29 години.
Одговарањето на прашалникот нема да ви одземе повеќе од 5-6 минути, а вашиот придонес би ни бил од огромно значење и затоа, ве молиме да го споделите вашето искуство и мислење.
Прашалникот најдете и пополнете го тука!
Ви благодариме за одвоено време. 🙂