АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ЗА ПРИПАДНИЦИ НА ЗАЕДНИЦИТЕ – 2023

Почитувани,

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) спроведува истражување во рамки на проектот „Градење на отпорни и инклузивни заедници”.

Проектот има за цел да придонесе кон градење на локални заедници кои ќе бидат отпорни на радикализација преку јакнење на капацитетите и поддршка на заедниците и ранливите групи во процесот на превенција и борба против ширење на радикална идеологија и рехабилитација и реинтеграција на повратниците во земјата.

Во рамки на проектот се спроведува и овој прашалник кој има за цел да го испита знаењето и ставовите на граѓаните за прашања поврзани со радикализам и поддршка на процесите на рехабилитација и реинтеграција на повратници.

Прашалникот е  анонимен, а одговорите ќе послужат исклучиво за целите на среднорочната евалуација на проектот.

Пополнувањето на овој прашалник ќе ви одземе околу 5 минути.

Прашалникот е достапен на следните линкови:

🇲🇰 https://www.surveymonkey.com/r/28BV2F6

🇦🇱 https://www.surveymonkey.com/r/2MZHRBR

Ви благодариме на соработката!

* Овој прашалник е наменет исклучиво за граѓани на С. Македонија кои имаат минимум 18 години. Доколку сте на возраст од 15-17 години ве молиме пополнете го прашалникот на следниот линк.

* Овој прашалник е наменет исклучиво за жителите на една од следните општини: Арачиново, Бутел, Гази Баба, Сарај, Центар, Чаир, Чучер Сандево, Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Липково, Охрид, Пласница, Тетово и Струга.

Сподели на