За потребите на проектот Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА финансиран од Европската унија врз основа на договорот за Грант со референтен број IPA/2019-414-059, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис Скопје објавува Барање за доставување на понуди за набавка на услуги за истражување, анализа на податоци и креирање на Извештај и Патоказ во рамки на Опсерваторија на Дигиталната агенда.
Услови и критериуми за учество на повикот
За да учествуваат во постапката за доделување на договор, понудувачите мора да ги исполнуваат следните критериуми за утврдување на нивната способност.
Физичко лице/а:
- Претходно искуство со истражување во Северна Македонија (најмалку 2 (две) истражувања во последните 5 (пет) години);
- Високо ниво на познавање и примена на македонскиот и англискиот јазик (усно и пишано);
- Познавањето на областа ќе се смета за предност;
- Позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
- Спремност за учество на состаноци и настани поврзани со проектот, онлајн, во земјата и во странство (доколку условите го дозволуваат тоа).
Понудувачот го докажува исполнувањето на минималните услови со доставување на :
- CV/ резиме за кое задолжително ќе содржи детално и јасно објаснување на бараните квалификации наведени во барањето за понуди. Метаморфозис има право да побара докази за секоја квалификација наведена во CV-то.
Правно лице
Лична состојба на понудувачот
- во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
- понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
- на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба со изјава која ја доставува во прилог на својата понуда (изјавата е дадена во прилог на оваа документација – Прилог 2).
Покрај изјавата, понудувачот заедно со понудата не мора да поднесе документи за докажување на личната состојба. Заради проверка, Комисијата може да побара од понудувачот чија понуда ја утврдила за најповолна да ги достави потребните документи за утврдување на неговата лична состојба за проверка на овие критериуми.
Способност за вршење на професионална дејност
Понудувачот треба да е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно прописите на земјата каде што е регистриран (ДРД образец).
Техничка или професионална способност
Критериум за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот е:
- понудувачот да има успешно реализирани најмалку 2 (два) договора поврзани со предметот на набавка во последните 5 (пет) години
- понудувачот да обезбеди истражувач/и со високо ниво на познавање и примена на македонскиот и англискиот јазик (усно и пишано);
- познавањето на областа од страна на истражувачот/ите обезбедени од понудувачот ќе се смета како предност;
- позитивен однос и способност за работење со почитување строги рокови;
- спремност за учество на истражувачот/ите обезбедени од понудувачот на состаноци и настани поврзани со проектот, онлајн, во земјата и во странство (доколку условите го дозволуваат тоа).
Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови со доставување на :
- листа на референци за успешно реализирани договори поврзани со предметот на набавка во последните пет години, со вредности на договорите, датуми на склучување, купувачи (договорни органи)
- CV/ резиме за секој експерт кое задолжително ќе содржи детално и јасно објаснување на бараните квалификации наведени во барањето за понуди. Метаморфозис има право да побара докази за секоја квалификација наведена во CV-то на предложените експерти.
Повеќе информации може да се најдат во Барање за понуди (последно ажурирање 30.12.2021)
Понудата треба да содржи следните елементи:
За физички лица
- Финансиската понуда треба да се изготви според образецот даден како Прилог 1 .
- CV/ резиме за кое задолжително ќе содржи детално и јасно објаснување на бараните квалификации наведени во барањето за понуди. Метаморфозис има право да побара докази за секоја квалификација наведена во CV-то.
За правни лицa
- Финансиската понуда треба да се изготви според образецот даден како Прилог 1
- Документи за докажување на техничка и професионална способност:
- Изјава за прифаќање на условите од тендерската документација според образецот даден како Прилог 2.
- Изјава со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба според образецот даден како Прилог 3.
- Листа на референци за успешно реализирани договори поврзани со предметот на набавка во последните пет години, со вредности на договорите, датуми на склучување, купувачи (договорни органи)
- CV/ резиме за секој експерт кое задолжително ќе содржи детално и јасно објаснување на бараните квалификации наведени во барањето за понуди. Метаморфозис има право да побара докази за секоја квалификација наведена во CV-то на предложените експерти.
Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски или англиски јазик пополнети рачно или на компјутер.
Оние понуди што нема да ги содржат потребните елементи или не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација.
Начин на доставување на понудите
- Понудите се доставуваат на македонски јазик.
- Понудите треба да се достават електронски по е-мејл адреса [email protected] или по курирска служба или лично во запечатен плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“ за Проект „ИЦЕДА“ – Конкурс за истражување.
- Понудите треба да бидат оригинални и потпишани, а доколку се доставуваат по електронски пат, потпишаните оригинали треба да бидат скенирани
Краен рок за поднесување на понудите е 21.01.2022 година до 16:00 часот.
————————————————————————————————————————————————————————————————–
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), ЦРТА- Центар на истражување, транспарентност и отчетност (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.