Се повикуваат сите заинтересирани лица кои имаат желба, интерес и мотив да се стекнат со сертификат за знаења и вештини потребни за грижа, нега и поддршка на лица заболени со Алцхајмерова болест, да се пријават на бесплатната обука за асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест.
Бесплатната обука подразбира интензивна тримесечна програма организирана во неколку модули и фокусирана на практичен и теоретски дел. Истата ќе биде спроведена од искусни обучувачи од релевантни области.
Во текот на трите месеци секој кандидат ќе добива месечен надоместок од 9.000 денари за покривање на патни и други оперативни трошоци.
Како можам да се вклучам во обуката?
Многу едноставно! КЛИКНЕТЕ ТУКА за пополнување на формуларот за изразување интерес, со што автоматски влегувате во базата на кандидати за обука. Понатаму, ќе бидете контактирани од нашиот тим околу динамиката и планот за реализација на бесплатната обука.
Што добивам од обуката?
Со успешно завршување на обуката се стекнувате со национално – признат сертификат за негa на лица со Алцхајмерова болест.
За повеќе информации, лице за контакт – Зерина Рамиќевиќ