Биди гласот на младите. Придружи се на U-Report MK!

Младите сакаат да бидат слушнати за прашања што им се важни. Младите сакаат да видат промени сега и сакаат да бидат вклучени во процесите на одлучување кои влијаат врз нивната иднина. U-Report е можност да се биде слушнат.

 

Што е U-Report?

U-Report претставува алатка со која младите може да изразат став за прашања што им се важни, како што се квалитетно образование, ментално здравје и животна средина.

U-Report е присутен во 85 земји низ светот, со над 15.000.000 U-репортери кои преку платформата се вклучени во важни процеси на одлучување, изработка на политики и стратегии кои влијаат врз младите и нивната иднина.

U-Report MK сега им е достапен на младите во земјата за да го искажат своето мислење и да се вклучат во процесите на носење одлуки што го засегаат нивниот живот и животот на идните генерации.

 

 

Како функционира?

Кога младите луѓе ќе се регистрираат на алатката, тие стануваат U-репортери и имаат можност да одговараат на прашалници, да добиваат корисни информации, да пријавуваат проблеми и да ги поддржуваат правата на децата. Резултатите се споделуваат назад со заедниците и со креаторите на политики кои носат одлуки што ги засегаат младите.

Главните принципи на U-Report се анонимноста и заштитата на податоците. Добиените податоци се обработуваат веднаш и се прикажуваат на екранот на U-Report во реално време. Индивидуалните пораки се целосно анонимни, а на екранот се прикажуваат само податоци расчленети по возраст, род и регион.

U-Report MK е достапен на Viber, а U-репортерите може да изберат да примаат прашалници на македонски или на албански јазик. Младите над 14 години може да се приклучат на U-Report MK и да станат U-репортери.

 

Како можам да станам U-репортер?

Лесно е! Следи ги чекорите подолу:

📲  Побарај го U-Report MK директно на твојата Вибер-апликација или кликни тука.

😎 Регистрирај се со одговарање на неколку кратки прашања за себе – твојот претпочитан јазик, возраст, пол и регионот од каде што доаѓаш.

👏 Толку! Откако ќе се регистрираш, стануваш U-репортер и ќе почнеш да добиваш прашалници за различни теми што им се важни на младите, како и други корисни информации.

На екранот на mk.ureport.in може во реално време да ги следиш резултатите од секој прашалник и да видиш што мислат твоите врсници за различни теми.

Како делуваме?

Податоците и мислењата собрани на U-Report MK се користат како информации за осмислување, спроведување и следење на политиките, стратегиите, интервенциите, услугите и содржините насочени кон младите и адолесцентите. Тие се алатка за вклучување на младите во одговор на кризи, каде спаѓа и одговорот на пандемијата со КОВИД-19, а и како кокреатори при изработка на политики и решенија за проблемите во нивните заедници.

Некои од досегашните прашалници помогнаа да се вклучат ставовите на младите во иницијативата за младински консултации „Преосмисли ја иднината“ и климатската акција предводена од младите. Погледнете дел од мислењата на младите за претходни прашалници.

U-Report MK е дел од напорите за вклучување на младите со поддршка од УНИЦЕФ, спроведени со финансиска поддршка од партнерите, вклучително и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

 

 

 

ТЕКСТ

Сподели на