Буткамп за Раст наменет за млади луѓе од прекуграничниот регион Србија и Северна Македонија

Од 25ти до 28ти февруари, во Хотел Белви, општина Илинден, ќе се одржи Буткамп за Раст наменет за млади луѓе од прекуграничниот регион Србија и Северна Македонија.

Настанот го организира Центарот за управување со знаење заедно со Центарот за развој на Скопски плански регион, Центарот за развој на Јабланичког и Пчињског округа, и Општината Власотинце, во рамките на проектот „Шанса за Тебе“, кофинансиран од ЕУ преку Прекуграничната програма Србија – Северна Македонија.

Главната цел на овој камп е да ги поддржи младите од прекуграничниот регион на Северна Македонија во развивањето на нивните работни и претприемачки вештини, како и да им помогне во препознавањето на можностите за професионален и кариерен раст.

Условите за учество се следни:

1) Возраст меѓу 16-29 години;

2) Жител на една од општините кои припаѓаат на прекуграничниот регион од Северна Македонија: Сопиште, Студеничани, Зелениково, Сарај, Ѓорче, Бутел, Арачиново, Илинден, Петровац, Чучер Сандово, Липково, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Негоричане, Ранковце

Учеството е бесплатно за сите избрани учесници, а буџетот на проектот ги покрива трошоците за превоз, сместување и храна.

ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Рокот за регистрација е до 21ви февруари, 2024 година.

Сподели на