[wpml_language_selector_widget]

Вебинар – “Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет “

Фондација Метаморфозис организира вебинар “Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет “ на 31.08.2022 (среда) во 10:00 – 13:30 часот. Вебинарот се организира во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталнaта агенда – ICEDA” ко-финансиран од Европската Унија.

Вебинарот цели кон запознавање на граѓаните, граѓанските организации и бизнисите со разни видови на сајбер закани и давање на совети за како да се препознаат сабјер заканите и како да се заштитат од нив. Меѓу другото, вебинарот ќе се осврне на основите на сајбер безбедност, најчестите извори на сајбер закани и како да се справиме со нив, безбедни комуникации преку Интернет, заштита на лични податоци преку Интернет, социјални мрежи и потенцијални повреди на човековите права, како и надлежни институции за справување со сајбер безбедност.

Вебинарот ќе биде на македонски јазик и ќе се одвива преку ZOOM платформата. Сите регистрирани корисници ќе добијат линк за влез на ZOOM, а оние кои ќе го проследат вебинарот ќе добијат и сертификати за учество на е-мејл адресите кои ги имаат оставено при регистрација.

Сите заинтересирани да го проследат вебинарот се поканети да ја пополнат регистрациската форма најдоцна до 28.08.2022: https://forms.gle/31ie14oi6BWcgiLL7

Напомена: Заради потребите на проектот, вебинарот ќе се снима и ќе биде објавен на YouTube каналот на Фондација Метаморфозис, по што ќе биде споделуван по социјалните медиуми како корисен ресурс на знаење за пошироката публика.

—————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели на