Вебинар “Социјална комуникација и аутистичен спектар на нарушувања”

Здружението за дислексија Ајнштајн со задоволство ве поканува на вебинарот “Социјална комуникација и аутистичен спектар на нарушувања” кој ќе се одржи на 5-ти декември (сабота) со почеток во 10 часот преку платформата ZOOM.
На вебинарот ќе имате можност да се стекнете со нови знаења, методи и алатки со кои ќе можете да им помогнете на децата со нарушување во социјалната комуникација и аутистичен спектар на нарушувања, преку предавањето на една од нај истакнатите практичари во нашата држава од областа на логопедијата д-р. сци. Силвана Филипова Директорка на Заводот за рехабилитација на слух говор и глас .
На вебинарот ќе бидат обработени следните области:
• Нарушување во социјалната комуникација
• Начини на стимулирање на социјалната комуникација
• Воведување на социјални приказни кај децата со нарушување во социјалната комуникација
• Аутистичен спектар на нарушувања
Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа со една пазуа.
Сите учесници на вебинарот ќе добијат дигитален сертификат .
Како да се пријавите?
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк , по пополнувањето на пријавата за најдоцна 24 часа на вашата e-mail адреса ќе ви пристигне потврда за учество со сите детали околу вебинарот и начинот на уплата.
Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 479 денари.
Уплатата на котизацијата се извршува во банка или преку електронско банкарство, исто така уплатата може да ја извршите и преку фактура.
За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.
 За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885
Со почит
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
 

Сподели на