Целта на саемот е поврзување на што поголем број студенти и дипломци со компании за пракса и идно вработување од цела Македонија. Виртуелен е поради тоа што ќе биде на ниво на цела Македонија без никакви просторни огранучување, за да може секој студент да присуствува и да разговара со потенцијлен работодавач со цел да си ја пронајде неговата идна пракса и да ја стартува својата кариера.
Организатор на настанот е bintern.com, првата македонска платформа која поврзува компании со млади кадри за пракса и вработување.
Најдоброто време да се засади дрво беше пред 20 години, а следното најдобро време е денес! – Кинеска поговорка. Тоа во контекст на саемот значи дека инвестирањето во млад кадар, односно практиканти е најважното нешто што треба да го прават компаниите. Вашите денешни практиканти ќе прераснат во вработени кои ќе ја водат компанијата напред. А исто така и дека секој студент и дипломец треба да биде активен и да бара можности за пракса уште денес, со цел утре да прерасне во професионалец.
Компаниите кои ќе бидат дел од саемот имаат отворени позиции за пракса и активно бараат млади и амбициозни луѓе, токму еден од нив можеби сте и вие. Можност за поврзување со голем број на студенти и дипломци кои се заинтересирани да ја започнат нивната кариера. И одлична можност за претставување на компаниите.
Бидете дел од овој незаборавен саем и стекнете се со нови контакти од цела Македонија. Преку саемот се очекува склучување на многу успешни соработки помеѓу компаниите со студентите и дипломците.
Повеќе информации и начин на пријавување на vfair.bintern.com или можете да се обратите на [email protected] / +389 75 321 496.