Дали сакаш да станеш зелен активист?

Гоу Грин во рамки на проектот „ МЛАДИНСКИ ДИГИТАЛЕН ЕКО АКТИВИЗАМ ЗА ЗЕЛЕНИ ОПШТИНИ“ објавува повик за 20 млади жители од општините Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Битола, Прилеп и Куманово

За проектот: 

Проектот има за цел да ги вклучи младите пред локалните избори, во замислувањето на процесот за зазеленување на општините – и она што тие би сакале да го видат за 4 години од сега. Повеќе може да прочитате тука

Младите зелени активисти:

  • ќе научат како да организираат герила акции, да вршат притисок на социјалните мрежи и да создаваат “hot topics” за подобрување на животната средина во нивните општини
  • Ќе се едуцираат за важноста од зазеленување на општините 
  • Ќе бидат носители на зелени промени во нивната општина
  • Ќе научат како и каде во рамките на општините е можна реализација на нивните предлози
  • Ќе мобилизираат истомисленици за заедно да допринесат до потпишување на заложбите од градоначалниците
  • Ќе организираат герила акции
  • Ќе спроведат кампања на дигиталните медиуми за покренување на зелените проблеми и потребни решенија во нивните општини
  • Ќе имаат можност директно да разговараат со доносителите на одлуки во нивните општини и да ги  искажат нивните потреби и визии за зелени општини
  • Ќе се стекнат со вештини за лобирање и мадински активизам
  • Знаењето од овие активности ќе може да ги применат за било која промена што сакаат да ја направат во општеството

Квалификации:

  • Место на живеење : Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Битола, Прилеп и Куманово. 
  • 16-21 година
  • Проактивни, гласни и желни за промена
  • Млади кои сакаат да учат и да се стекнат со нови вештини

Линк за пријава

Краен рок за пријавување: 2105.2021 

Овој проект е финансиран од фондацијата Хајнрик Бол Сараево. 

Сподели на