Фондација Метаморфозис ги поканува претставниците на граѓанските организации да бидат дел од дводневна обука за заштита на лични податоци што ја организираме во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од Европска Унија. Оваа обука ќе им помогне на организациите да го усогласат нивното работење со Законот за заштита на лични податоци, но и да ја подигнат свеста за заштита на личните податоци кај нивните целни групи и да се застапуваат за поголема заштита на личните податоци на граѓаните од страна на институциите и другите контролори на лични податоци
Обуката ќе се одржи на 13-ти и 14-ти декември во Скопје, а агендата ќе биде испратена до кандидатите што ќе се пријават за учество на обуката.
Бројот на учесници е ограничен и ги замолуваме сите што сакаат да бидат дел од обуката да го пополнат формуларот на овој линк: Линк за пријава. Учеството на обуката е бесплатно, а за сите учесници што успешно ќе ја поминат, следува сертификат.
Ги очекуваме вашите пријави!