Фондацијата за развој на локалната заедница Штип ја организира годишната конференција „Децентрализација 2.0: Ефективни механизми за граѓанско учество“. Конференцијата е посветена на децентрализацијата и граѓанското учество и ќе ги покрие следниве аспекти:
• Децентрализација во Македонија, трендови и предизвици
• Механизми за учество на граѓаните во донесување одлуки на локално ниво
• Отвореност и транспарентност на општините
• Рамномерен регионален развој
Конференцијата ќе се одржи на 11.02.2021 во Штип, со почеток од 12.00 часот.
Заради условите и мерките поврзани со пандемијата од КОВИД-19, оваа година конференцијата ќе има дигитален концепт, при што учесниците ќе можат да се вклучат електронски во дискусија со панелистите.
Гости говорници на годинешната конференција се:
– Г-дин Горан Милевски, Министер за локална самоуправа
– Г-дин Звонко Пекевски, Градоначалник на општина Берово
– Г-дин Сашко Николов, Градоначалник на општина Штип
– Г-ѓа Невенка Лонгурова Гирова, Фондација за развој на локалната заедница Штип
– Г-дин Герман Филков, Центар за граѓански комуникации
– Г-ѓа Светлана Станојковска, советник и претседател на советодавно тело во општина Пробиштип
– Г-дин Слаѓан Пенев, Центар за стратешки истражувања и документација ФОРУМ – Скопје
– Г-дин Кристијан Панев, Фондација за развој на локалната заедница Штип

Дигиталната конференција – Децентрализација 2.0: Ефективни механизми за граѓанско учество е активност од проектот „Ефективен механизам за граѓанско учество“, спроведуван од Фондација за развој на локалната заедница Штип, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.