Дигитално решение за надминување на последиците од КОВИД Пандемијата

Со задоволство сакаме да Ве известиме дека Macedonian American Alumni Association – MAAA и Сеавус Акцелераторот,  со поддршка на U.S. Embassy North Macedonia отвараат повик за тимови и стaртапи на тема: Надминување на последиците од КОВИД пандемијата. Целта на повикот е да Ве инспирираме Вас, младите креативци, да дадате свој придонес во надминувањето на последиците од Ковид 19 преку сопствено оригинално дигитално решение кое адресира проблеми и прашања директно или индиректно предизвикани од пандемијата.

 

За кого е наменет овој повик?

·         Млади тимови/стратапи од 3 до 5 членови кои се на возраст до 27 години со идеја за иновативно дигитално решение кое адресира проблеми и прашања директно или индиректно предизвикани од пандемијата.

 

Што добивате?

·         Најдобрите три стратапи добиваат награда од 3000$, 2000$ и 1000$ 

·         Најдобриот стратап ќе добие менторска подршка и можност за влез во Tech Boost програмата на Сеавус Акцелераторот 

 

Аплицирајте на следниот линк:  https://forms.gle/zuUhZyJ5fJ9xGLgu7

 

Краен рок за пријавување и Ноември.

 

Дополнителни информации во однос на повикот може да добиете од координаторот на Сеавус Акцелераторот, Ангела Митриновска на [email protected] или на телефонскиот број 076405059.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp