Центарот за младински активизам Крик на 12.04.2023 со почеток во 12:30ч. во спортската сала на ОУ Невена Георгиева Дуња ќе се одржи последниот настан од иницијативата „Што е (не)сработено?“ насловен како Дојди на пикник. На овој настан ќе имаме можност да се запознаете повеќе со резултатите на инцијативата и повеќе да разговараме за вклученоста на лицата со попреченост во секојдневниот живот.
Настанот е замислен како непосреден начин преку кој лицата со попреченост ќе можат погласно да проговорат за предизвиците со кои тие се соочуваат и што можеме сите ние да промениме.
Оваа иницијатива има за цел да ја подобри видливоста на локално ниво, тема на мониторирање на оваа иницијатива е предизборното ветување на градоначалникот на Општина Кисела Вода за изградба на сензорни соби во сите основни училишта на локално ниво. Сензорните соби се посебно опремени и прилагодени соби и истите се опремени со посебни реквизити, материјали и сензорно осветлување кое има смирувачко дејство врз учениците. Во моментов на територијата на општина Кисела Вода од вкупно 8 основни училишта има изградено 6 сензорни соби.
*Објавата е дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на оваа објава не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK