Еко-кино на точак

Go Green го организира првото Еко-кино на точак, кое се спроведува во рамки на проектот „Climate action starts with you(th)”, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје.

Настанот е промоција на еко-иновацијата за производство на чиста електрична енергија со возење на точак. Станува збор за систем на кој може да се приклучат 5 точаци и да генерираат струја до 1 киловат.

Проекцијата на филмот „A life on our planet by David Attenborough“ ќе се одржи на 21.09(вторник), со почеток во 18:30 часот во Градски Парк, на големиот тревник кај чешмичките.

Go Green ги поканува сите заинтересирани да дојдат на еден несекојдневен настан и воедно да придонесат до намалувањето на јаглеродните емисии во атмосферата, со тоа што сами ќе си ја произведат струјата потребна за проекцијата на филмот.

*Настанот се организира според сите протоколи, и за учество на истиот е потребно да приложите ковид сертификат.

Вашето присуство може да го потврдите овде до понеделник 12ч.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp