Еразмус+ ден на ФЕИТ – 15 октомври 2021

Во рамките на одбележувањето на Еразмус+ деновите (14, 15 и 16. октомври 2021) на Факултетот за електротехника и информациски технологии преку Zoom платформата ќе биде оранизирана презентација на проекти и искуства од студентска мобилност реализрани на ФЕИТ. Настанот го нарековме Еразмус+ ден на ФЕИТ и ќе се одржи на 15. октомври 2021 година во периодот од 10 до 12 часот.

Настанот можете да го следите на следниот линк: https://feit-ukim-edu-mk.zoom.us/j/95017001125

Лозинка: 744804

На настанот ќе бидат презентирани следните проекти од Еразмус+ програмата:

  1. Микроелектроника-Алијанса во облак МЕСА, раководител проф. Миле Станковски, период 01.01.2016-31.12.2018 (завршен)
  2. Виртуелна лабораторија за мехатроника -ВиМеЛа, раководител проф. Гога Цветковски, период 01.11.2017-31.10.2019 (завршен)
  3. Иновативен наставен пристап кон развојот на софтверски дефинирана инструментација за работа во реално време, раководител проф. Живко Коколански, период 30.11.2019 (завршен)
  4. UbiLAB Сеприсутна платформа за виртуелни лаборатории, раководител проф. Марија Календар, период 2021-2023 (во тек)
  5. Напредни техники за машинско учење наменети за стручно образование, раководител проф. Бранислав Геразов, период 2020-2023 (во тек)

После претставувањето на проектите со свои презентации ќе се обратат и студентите:

  1. Иван Момировски
  2. Софија Василева
  3. Сара Алексоска
  4. Андреј Атанасовски

при што некои од нив ќе ги пренесат своите искуства од земјите каде што ја реализирале студентската мобилност додека некои ќе ги пренесат искуствата од процесот на подготовка на документацијата и самото аплицирање.

Дојдете и информирајте се!

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp