ЕУ-награда за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција, 2021 година

Правила на натпреварот, квалификуваност и критериуми за
избор
1. Основни информации
Ромите се едно од најголемите етнички малцинства во Европа, и тоа со приближно 12
милиони жители. Околу 1 милион Роми живеат во Западен Балкан, а 2,8 милиони живеат
во Турција. Тие имаат богата култура и историја што е неразделиво поврзана со Европа,
но се соочуваат и со историски долга традиција на исклученост. Многу Роми уште се
соочуваат со тешки форми на расизам, дискриминација, социјална исклученост и
сиромаштија. Подобрувањето на нивната еднаквост, инклузија и учество и понатаму е
главен приоритет за Европската комисија и претставува критериум за напредок на
патеката за проширување.

ЕУ работи на тоа да ја подобри социјалната интеграција на Ромите во општеството и да
овозможи видливи резултати во тоа поле. Европската Унија исто така обезбедува
значителни фондови за мерки за социјална интеграција преку Инструментот за
претпристапна помош.

Корисниците на IPA-фондовите ги усвоија Стратегиите и поврзаните акциони планови
за интеграција на Ромите што се обновуваат за да се адаптираат на новата Стратешка
рамка на ЕУ за Роми за 2020-2030 година. Се извршуваат важни работни активности
преку јавните власти, националните и локалните граѓански организации и
поединци/активисти.

Почитувајќи ги овие напори, од 2014 година, наградата на Генералниот директорат за
европска соседска политика и преговори за проширување наменета за интеграција на
Ромите на Западен Балкан и Турција ја зголемува видливоста и на предизвиците со кои
се соочуваат Ромите на Западен Балкан и на Турција, и на важната работа на некои
посветени учесници што ја поддржуваат интеграцијата на Ромите. Наградата нуди
признание, публицитет и поддршка за позитивните модели кои покажуваат опипливи
резултати во областа на интеграцијата на Ромите.

Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите во 2021 година ќе промовира приватни или
јавни иницијативи кои постигнаа извонреден придонес кон одржливо вработување на
Ромите, како механизам за прекинување на кругот на исклучување.
Наградата ја доделува Европската комисија и е финансирана од IPA-фондовите, а ја
имплементира Roma Active Albania (RAA).

2. Наградата и нејзината цел
Наградата треба да привлече внимание кон конкретните напори и позитивни резултати
на различните релевантни странки за зголемување на пристапот до вработување, како и
квалитетот на вработувањето на Ромите. Половата еднаквост и еманципацијата на
жените Ромки во областа на вработувањето ќе биде важна димензија.

Поконкретно, наградата е наменета да помогне за следните цели:
1. Дополнително прифаќање на улогата и придонесот на вработувањето Роми како
една од клучните области за подобрување на позицијата на ранливата категорија
на жените Ромки и Ромите во регионот.
2. Промовирање на успешните модели на вработување на Роми и позитивните
промени во нивните заедници.
3. Негување на институционалниот дијалог при вработувањето на Ромите.
4. Истакнување на поддршката и работата на Европската Унија за интеграција на
Ромите во државите за проширување.
5. Негување на соработката помеѓу засегнатите страни во процесот на интеграција
на Ромите.
6. Осигурување на прифаќање и одржливост на влијателните активности
имплементирани на најосновното ниво на општествена солидарност.
7. Идентификување и споделување позитивни примери за работа на поединци,
јавни институции, приватни друштва, деловни субјекти и граѓански здруженија
на централно и локално ниво во полето на вработувањето.

Апликациите ќе ги разгледува независен одбор за евалуација и ќе ги избере наградените.
Ќе има двајца наградени како корисници на IPA што промовираат вкупно 14 значајни
искуства.

Сите наградени ќе добијат меѓународно признание преку церемонијата за доделување
на наградата која, доколку дозволат условите, ќе се одржи во Брисел. Сите наградени ќе
бидат поканети да присуствуваат на другите настани организирани таму за време на
Ромската недела во 2021 година. Покрај тоа, сите наградени ќе земат учество во
студиската посета на Мадрид на тема „Пристап до вработување на Ромите“.

Поединци и наградени од граѓанското општество, дополнително може да добијат
финансиска поддршка за да продолжат со нивните иницијативи во областа на
вработувањето на Ромите. Во овој случај, износот на наградата е ист како што беше
применет во наградата за Роми во 2019 година, односно 7 500 евра. Износот е утврден
на таков начин да биде доволно голем за да привлече внимание и да се овозможи
понатамошна работа во целната област.

3. Кој може да ја добие наградата?
Конкурентите мора да ги исполнуваат следните критериуми за да бидат квалификувани
за добивање на наградата:

 Да бидат Роми или лица кои не се Роми, или да се субјекти од јавни
институции; приватен сектор и организација на граѓанското општество (вклучително и наставници и здравствени чинители, мали бизниси и државни претпријатија); и

 Да се основани/со седиште во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*
, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција; и
 Преку својата работа да имаат дадено значителен придонес за вработување
на Ромите во Западен Балкан и Турција; и
 Спроведување на релевантните активности најмалку 1 година; и
 Да бидат во можност да докажат дека иницијативата за која се поднесува
апликацијата е спроведена минимум 6 месеци пред аплицирањето за
наградата и веќе има дадено резултати.

4. Кои активности може да се земат предвид за наградата?
Активностите што треба да се наградат (со парична или непарична награда) треба да
создадат или да имаат добар потенцијал да придонесат за зголемена количина и/или
квалитет на вработување на Ромите, и може да вклучуваат

 Застапување и лобирање што резултира со усвојување и спроведување на
законски рамки што придонесуваат за вработување на Ромите;
 Напори да им се помогне на самовработените Роми да преминат од
неформалниот во формалниот сектор;
 Обука, менторирање што резултира со зголемување на вработеноста на
Ромите;
 Поддршка што резултира во подобар трансфер од образование во
вработување;
 Наоѓање погодно совпаѓање помеѓу Ромите и работодавачите;
 Борба против антициганизамот во вработувањето;
 Специфични активности со кои се фаворизира вработување на жени Ромки;
 Претприемништво на Роми што резултира со вработување на Роми;
 Социјално претприемништво што резултира со вработување на Роми.

5. Критериуми за избор: Како ќе се избираат добитници?
Добитниците на Наградата за инклузија на Ромите ќе бидат избрани од независен одбор
за евалуација според следниве критериуми за доделување на наградите, при што ќе се
обезбеди транспарентност на постапката и еднаков третман на учесниците

Главни критериуми за избор се:
 Степен на влијание на иницијативата врз квантитетот и квалитетот на
вработувањето на Ромите;
 Степен на решавање на родовата димензија при вработувањето на Ромите;
 Степен на влијание на иницијативата врз ромските заедници и животи;
 Степен на промовирање на иницијативата за еднаков третман при
вработување на Ромите;
 Степен на одржливост во вработувањето на Ромите;

* Оваа ознака е без предрасуди во однос на позициите и статусот, и е во согласност со UNSCR 1244/1999
и Мислењето на ICJ во однос на декларацијата на независност на Косово.

 Успешна примена на пристапот за родова еднаквост.

6. Како да се аплицира – апликации (самономинирање) и номинирање
Наградата е отворена за јавни и приватни институции, друштва и бизниси, работодавци,
(вклучително и не ограничувајќи се на МСП, државни бизниси, иницијативи за
претприемништво и други иницијативи за вработување); наставници, здравствени
чинители и граѓанско општество (организации и индивидуи) – Роми и не-Роми –
основани и со седиште во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна
Македонија, Србија и Турција.

Конкурсот е отворен за самономинирање (апликации директно од иницијативата што
бара да ја добие наградата), и за номинации од други засегнати страни кои сакаат да
привлечат внимание на соодветната иницијатива.
Повеќе апликации; (самономинации и/или номинации) ќе резултираат со
дисквалификација.

Секоја засегната страна (група на поединци/ГО/ИО и/или јавни и приватни субјекти),
може да номинира само еден кандидат.
Субјект, кој аплицира како апликант не може да биде номиниран, а исто така и
номиниран кандидат не може директно да аплицира за доделување на наградата.

Апликации (самономинации)
 Апликациите можат директно да се поднесуваат од заинтересираните страни
основани и со седиште во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора,
Северна Македонија, Србија и Турција.
 Мора да се аплицира преку специјалниот образец за апликација и истиот да биде
читлив, достапен и со можност за отпечатување.
 Нецелосните апликации може да се сметаат за недопуштени ако недостасуваат
суштински елементи.
 Апликацијата се смета за важечка кога е соодветно пополнета заедно со изјава за
чесност.
 Апликациите мора да се достават заедно со соодветната документација, како
што се фотографии, кратки видео клипови (макс. 5 минути) или друго.
 Еден апликант може да поднесе само една апликација. Во случај на повеќекратно
аплицирање, кандидатот ќе се дисквалификува.

Номинации
 Номинации можат да вршат сите заинтересирани страни кои сакаат да го сторат
тоа.
 Номинациите мора да се вршат преку специјалниот образец за номинирање и
истиот да биде читлив, достапен и со можност за отпечатување.
 Нецелосните апликации може да се сметаат за недопуштени ако недостасуваат
суштински елементи.
 Номинацијата се смета за важечка кога е соодветно пополнета заедно со изјава за
чесност.
 Номинациите мора да се достават заедно со соодветната документација, како што
се фотографии, кратки видео клипови (макс. 5 минути) или друго.

 На заинтересираните страни им е дозволено да дадат повеќе номинации

Придружни документи
Апликантите и номинаторите се поканети да обезбедат дополнителни придружни
информации што се достапни и се охрабруваат да испраќаат документи во електронска
верзија секогаш кога е можно. Придружните информации може да вклучуваат:
– Видео клипови, фотографии;
– изданија (летоци, брошури, итн. кои ја промовираат иницијативата/проектот);
– врски до веб-страници поврзани со иницијативата/проектот (да се споменат и во
образецот за апликација);
– медиумска покриеност (доколку ја има);
– сите останати материјали и докази за влијанието на иницијативата имплементирана
од страна на апликантот/номинираната страна за наградата

Согласност за користење на информациите за публикации
Некои информации обезбедени од апликантите, номинаторите и номинираните може да
се користат за понатамошни публикации. Според тоа, заедно со другите документи се
доставува формулар за согласност потпишан од сите страни. Ве молиме подолу да ги
разгледате дополнителни информации за користењето на податоци.

Јазик
Јазикот што се користи за апликации и номинации е англискиот јазик.
Придружните документи може да бидат на различни јазици, меѓутоа се претпочитаат
англиски верзии.

Рокови
Краен рок за доставување на апликациите и номинациите заедно со останатите
релевантни документи е 30 април 2021 година, до 23:59 часот според локално време.

Поднесување
Поднесувањето на апликации (самономинации) ќе се врши преку електронска пошта на
адресата: [email protected]
Насловот на електронската порака мора да ги содржи иницијалите на апликантот и
државата на потекло.
Поднесувањето на номинации ќе се врши преку електронска пошта на адресата:
[email protected]

Насловот на електронската порака мора да содржи кратенка на називот на номинаторот,
иницијалите на апликантот и државата на потекло.
Апликациите и номинациите заедно со придружните документи може да се испратат и
по пошта на адресата:
Roma Active Albania – Rr. “YlbereBylykbashi”; P. 25; Shk. 2; Ap. 4; Тирана,
Албанија

Во овој случај, ќе бидат разгледани само апликациите/номинациите што сме ги примиле
во рамките на рокот. Апликациите што ќе стигнат по пошта подоцна од утврдениот рок
нема да бидат предадени на евалуација.

7. Користење на податоци

Доставените податоци и лични информации ќе бидат третирани доверливо, единствено
за целите на доделувањето.
Сите лични податоци содржани во апликацијата ќе бидат обработени во согласност со
регулативата (ЕУ) 2018/1725 на Европскиот парламент и на Советот од 23 октомври 2018
година (OJ L 295, 21.11.2018, стр. 39–98) за заштита на поединци во однос на
обработката на личните податоци од страна на институциите и телата на Заедницата и
за слободното движење на таквите податоци. Договорниот орган ги обработува таквите
податоци единствено во врска со спроведувањето и понатамошните активности
поврзани со апликацијата на победникот без да се наруши можното пренесување до
органите надлежни за мониторинг или инспекција во согласност со Европската заедница
и законодавство на Унијата.

Учесниците можат, во секое време да поднесат жалба против обработката на нивните
лични податоци до Европскиот супервизор за заштита на податоците.
Комисијата е единствено овластена во каква било форма и на кој било медиум да ги
објавува следниве информации:
 Името на апликантот или номинираниот кандидат кој победил;
 Името на номинаторот;
 Општата цел на активностите за добивање на наградата;
 Сумата на доделената награда;
 Географската местоположба на активностите што се извршуваат.

Европската комисија може да создаде видеа или друг промотивен материјал за
победниците. Фотографиите и видеата изготвени од Европската комисија или во
рамките на подготовката на церемонијата на доделување на наградите или за време на
доделувањето се единствено во сопственост на Европската комисија.

Апликација —application_eu_award_roma_integration_2021

Повеќе –  https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/news_corner/news/call-applications-now-open-2021-eu-award-roma-integration-western-balkans-and_en?fbclid=IwAR0uifUIiPzFzm8fcDMWGafpctMcHsum9pNTQhS2HdryZPU_oo95QzhChBk

*Повикот на Ромски најдете го на овој линк.

 

Сподели на