Драги ЕЛСАши,
Чест ни е да Ве поканиме на уште една интересна конференција по повод ELSA Day. Оваа година нашето постоење го одбележуваме со тема која што станува се порелевантна – “Е-приватност: Како да се заштитиме во дигиталната ера?
Како нѐ штити Законот?
Дали онлајн приватноста е човеково право и со кои механизми за нејзина заштита располагаме ?
Кои се предизвиците, ризиците и лекциите кои ги откривме со зголемениот прилив на е-купувачи ?
Дали онлајн приватноста е човеково право и со кои механизми за нејзина заштита располагаме ?
Кои се предизвиците, ризиците и лекциите кои ги откривме со зголемениот прилив на е-купувачи ?
Правото на приватност е загарантирано право на секој граѓанин согласно Уставот на Република Северна Македонија. Модерниот развој на технологијата носи со себе придобивки и олеснувања, но и ризици. Затоа е многу важно сите млади, а особено сите идни правници, да развијат напредна дигитална писменост и познавање на областа на приватност.
Настанот ќе се оддржи со физичко присуство во просториите на Mladi Hub на 1ви Декември со почеток од 15 до 17 часот.
Доколку сте заинтересирани да се запознаете со сите начини за заштита и справување, вашето учество може да го пријавите на [email protected] најдоцна до 30.11.2021.
Учеството е бесплатно а поради ограничениот број учесници пријавувањето ќе се одвива по принципот first come first served.
Агендата ќе биде наскоро објавена.
Ве очекуваме!
ЕЛСАшки поздрав!