11 октомври е Меѓународниот ден на девојчињата. По тој повод, Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство, заедно со American Corner Skopje, организираат Женски пикник, каде што ќе се разговара околу тоа што значи да се биде девојка денес и како девојките можат да си помогнат едни на други за да живеат здрав и исполнет живот.
На пикникот ќе се одржат три паралелни дискусии за:
- Женско сексуално и репродуктивно здравје – Во оваа дискусија ќе се зборува за менструалната хигиена, сексуално преносливите болести и репродуктивното здравје на девојките и младите жени.
- Насилни тинејџерски врски – Во оваа дискусија ќе научите како да ги препознавате првите знаци на насилните врски, како да поставите јасни граници во Вашите односи и каква сè поддршка Ви стои на располагање доколку се најдете во насилна врска.
- Мојата идна кариера – Во оваа дискусија ќе ги разгледате сите можности, услуги и алатки кои би можеле да Ви помогнат да си ја одберете професијата што најмногу Ви лежи и постојано да напредувате во Вашите кариери.
Кога: 11 октомври, 12:00-14:00 часот
Каде: Градски парк – Школка
Повеќе за настанот можете да прочитате ТУКА.