
Ни претставува огромно задоволство да ве поканиме на нашиот перформанс „Законодавен театар” кој e со

LGBTQIA+ тематика, а го организираме во рамки на проектот “The Other Perspective“.

Законодавниот театар може да се дефинира како уметнички процес на еманципација, збогатен со методи и техники од „Театарот на опресија” и има за цел да развие транзитивна демократија која може да придонесе за поактивно и поодговорно граѓанство во заедниците.

Овој перформанс е дел од локалните активности кои ги спроведуваме во рамки на проектот “The Other Perspective” финансиран од страна на

Еразмус + програмата на Европска Унија.

Проектот го спроведуваме во партнерство со организации од Србија, Романија, Уганда, Јужна Африка, Боцвана и Нигерија.

Влезот е бесплатен, се гледаме во МладиХаб!