За сите средношколци – ентузијасти спремни за еко-предизвици!

Поттикнати од големата потреба за решавањето на проблеми од областа на климатските промени и заштита на животната средина, одлучивме овој нов повик од UPSHIFT програмата да биде насочен кон социјални иновации и решенија кои се однесуваат на намалување на последиците од климатските промени и заштита на животната средина во која живееме.

Бараме конкретни и иновативни решенија во вид на производ, услуга или процеси кои се однесуваат  на  намалување на емисијата на штетните гасови во атмосферата (јаглерод диоксид, метан итн.), заштита на почвата и водните ресурси (реки и езера), намалување на загадувањето на воздухот, редуцирање, реупотреба и рециклирање на отпад, поттикнување еколошко освестување и одговорно однесување, еколошка демократија, алтернативен вид транспорт,  итн… Овие се само мал дел од можностите кои постојат.  Размислувајте локално за еко-проблемите со кои се соочува вашата локална заедница, но не заборавајте дека добрите идеи можат да го променат светот затоа што климатските промени и деградација на животната средина е глобален проблем. 

 

Што треба да направите?

 

Формирајте тим од 3 до 5 ученици на возраст од 13 до 19 години и еден наставник ментор и пополнете ја апликацијата најдоцна до 31ви мај, 2021 г. на следниот ЛИНК. Повикот е отворен за сите ученици од средните училишта ширум државата.

 

Ние ќе ве известиме дали сте меѓу десетте тимови кои имаат најголем потенцијал и кои ќе добијат шанса да учествуваат на седмата по ред UPSHIFT работилница која ќе се одржи на почетокот на јуни 2021 on line со помош на платформата ZOOM. Најдобрите пет тимови ќе добијат менторска и финансиска поддршка за реализација на нивните идеи.

 

Што да очекувате од програмата?

 

  • Да научите нови техники кои се применливи во решавање на било каков проблем.

  • Можност да ја развиете и спроведете вашата идеја.

  • Да стекнете супер корисни вештини и знаење за нови дигитални алатки.

  • Да придонесете за почист воздух, ублажување и адаптација на климатските промени и решавање на еко-проблеми кои нè засегаат сите.

  • Да добиете можност за финансиска поддршка од 120.000 денари за реализација на идејата.

 

Корисни материјали и линкови:

 

  • Национален извештај за состојбата на животната средина 2020, Министерство за животна средина и просторно планирање (линк)

  • Национален извештај ВОЗДУХ 2019, Министерство за животна средина и просторно планирање (линк)

  • Програма за намалување на аерозагадувањето 2019, Влада на РСМ (линк)

  • Анализа на препорачани мерки за справување со загадување на амбиенталниот воздух во С. Македонија (линк)

  • 6 РАБОТИ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КЛИМАТСКИ ПОЛИТКИ (линк)

  • Национални придонеси кон климатските промени на РСМ (линк)

  • Нацрт Трет двогодишен извештај за климатски промени (линк)

  • Отпорно Скопје – Стратегија за климатски промени (Линк)

  • Стратегија за климатски промени на општина Маврово и Ростуше (линк)

  • Анализа на можностите за инсталирање на фотоволтаични електрани на домовите во кичевскиот регион (2020), (линк)

  • Прирачник за зелена економија и зелено претприемништво (линк)

  • Младински прирачник за пресметка на јаглероден отпечаток на училиштата (линк)

 

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да контактирајте со Ѓорѓи Кушевски на e-mail [email protected]; моб. 076 360-107 или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

 

*UPSHIFT е програма развиена од страна на УНИЦЕФ, која преку решавање на одредени социјални проблеми и предизвици им помага на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства

Програмата се имплементира од страна на CEED Hub Скопје, а со поддршка на УНИЦЕФ, Фондот за иновации и технолошки развој и Министерство за образование и наука.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp