Празниците се период на изненадувања, подароци и уживање.КАС и ЛЕАД подготвија “подарок” што овозможува да уживаш со пријателите, да запознаеш нови лица, но и да научиш нешто ново.
Го најавуваме официјалното пуштање во употреба на онлајн друштвената игра „Изборологија“ која ти овозможува да научиш повеќе за македонскиот политички систем. Под слоганот „Играј одговорно, гласај информирано” играта е реален приказ на парламентарни избори во нашата земја, во која раководиш со една политичка партија и низ 20 дневна кампања се обидуваш преку спроведување мерки, активности и склучување коалиции да освоиш најмногу мандати.
Креирај профил на – https://izborologija.mk/ и започни со играње. И како бонус, до 10ти јануари трае пријавувањето за турнирот, така што побрзај да креираш профил за да научиш како да победиш на парламентарните избори и да освоиш награда. Пријави се за учество на турнирот на следниов линк: https://lead.org.mk/calls/call-4