Изложба „Јапонија низ фотографии“

Здружението Споделено знаење, кое се занимава со умножување на статиите на Википедија на македонски јазик и кое е огранок на светската фондација Викимедија, ќе ја одржи својата трета изложба, овојпат насловена „Јапонија низ фотографии“. На изложбата ќе бидат прикажани 30 фотографии и слики кои ја прикажуваат културата, историјата, географијата и архитектурата на Јапонија. Целта е македонските граѓани да бидат доближени со Јапонија преку добивање на ново знаење за оваа источноазиска земја. Имено, на секоја фотографија ќе има QR код кој води до соодветната статија на Википедија на македонски јазик.
Дополнително на 23 ноември, со почеток во 14 часот, Споделено знаење ќе одржи уредувачки настан на македонската Википедија со цел уредување статии поврзани со Јапонија. 
Уредувањето ќе биде одржано во просториите на МладиХаб

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp