[wpml_language_selector_widget]

Инфо ден – Гаранција за млади

Национален младински совет на Македонија ве поканува на Инфо ден за Гаранција за млади во просториите на МладиХаб! За вас достапни ќе бидат теренски работници кои на лице место ќе ги одговарат сите прашања и дилеми околу Младинската гаранција.

📅 17 јуни
📌 МладиХаб
⏲️ 10:00 – 16:00 часот

Што е Гаранција за млади?

Гаранција за млади е програма која што на младите им се обезбедува можност за обука, преквалификација, основање сопствен бизнис, вработување или образовна надградба. 

Зошто да се вклучите во Гаранција за млади?

  • Повеќе информации за можностите за вработување
  • Полесно вклучување на пазарот на трудот
  • Поддршка за основање на сопствен бизнис со неповратни средства
  • Шанса за вработување со субвенционирани плати
  • Можност за практиканство
  • Шанса за унапредување на дигитални вештини
  • Можност за посета на обуки за доквалификација и преквалификација


Доколку сакате да учествувате на Инфо денот, пријавете се на следниот линк: https://forms.gle/vShhxwLQZsYkDr4w6

Официјалниот фејсбук настан за Инфо денот можете да го најдете на следниот линк.

Сподели на