ИНФО СЕСИЈА ЗА МЛАДИ, МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И МЛАДИНСКИ РАБОТНИЦИ

Почитувани колеги, соработници и пријатели,

Младиинфо Интернационал и Центарот за младински активизам Цма КРИК,
ве покануваат на

ИНФО СЕСИЈА ЗА МЛАДИ, МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И МЛАДИНСКИ РАБОТНИЦИ
Презентација на истражувања и дигитална платформа за млади
28 јули (среда) со почеток од 9.30 часот во ЦРЕША БАР

Центарот за младински активизам КРИК, ќе презентира три документи кои служат за олеснување на работата на младинските работници при вклучување на мигранти во своите секојдневни активности. Младиинфо ќе ја претстави новата платформа МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИ, која обезбедува лесен и едноставен пристап за младите од С. Македонија до можности за професионален и личен развој.

Центарот за младински активизам КРИК, изработи три документи кои служат за олеснување на работата на младинските работници при вклучување на мигранти во своите секојдневни активности. Документите се подготвени како дел од проектните активности од проектот: Херои и Хероини за инклузија во младинска работа, финансиран од Ерасмус + програмата. На овој настан, КРИК ќе ги претстави трите документи кои се подготвени:
-Истражување за состојбата и активностите/програмите кои се понудени за инклузија на мигранти;
-Водич за активности за младински работници и инклузија на мигрантите во секојдневните активности; и
-Програма: Користење на спорт како метод за младинска работа и инклузија на мигранти во секојдневните активности
Повеќе за проектот можете да прочитате ТУКА
Младиинфо ќе ја претстави новата платформа МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИ, која обезбедува лесен и едноставен пристап за младите од С. Македонија до можности за професионален и личен развој. Платформата истовремено, им дава можност за ко-креација на младинските организации и компаниите за промоцијата и дисеминацијата на своите настани и повици за млади. Платформата е изработена во рамките на проектот All Opportunities, финансиран од Еразмус + програмата.
Ве очекуваме на летно утринско кафе и закуска во ЦРЕША БАР.
 

Повеќе инфо за настанот тукаhttps://bit.ly/3BtPk3G

Сподели на