Инфо-сесија за предизвик – Портал за отворени општини

Здружението за истражување и анализи, ЗМАИ од Скопје во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој за првпат организира Предизвик за создавање на платформа за отворени општини.
Предизвикот ќе се одржи од 14 до 17 декември 2020 година, а пријавувањето ќе трае до 10 декември 2020 год.
Предизвикот ќе се одржи виртуелно и секој може да учествува независно од тоа каде се наоѓа. За победниците на предизвикот следува награда во износ од 500,000 денари.
Повеќе детали за предизвикот дознајте за време на инфо сесијата која ќе се одржи на 4 декември, со почеток во 10:00 часот.
Линкот за вклучување на инфо-сесијата е https://zoom.us/j/91973741095…
Meeting ID: 919 7374 1095
Passcode: 687248
Ве очекуваме!

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp