Инфо сесија за Social day 2021

Social day е ден кога младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат, односно донираат дел од своето време и својата дневница за младински проекти.
👥За да биде успешен Social dаy, потребни се што е можно повеќе работни позии на кои ќе можат да аплицираат младите кои на еден ден ќе бидат младински работници, наставници, адвокати, фармацевти, менаџери, инжинери и се она што Вие можете да понудите како позиција во Вашата фирма. 
💡На овој начин, младите не само што креираат фонд за проекти кои ќе предизвикаат позитивни промени и развој на општеството туку и ги разгледуваат потенцијалните области за вработување и насока за образование.
📍За да можете подетално да се запознаете со концептот на Social Day и која ќе биде вашата улога во него, Ве покануваме на инфо сесија на 20.07.2021 со почеток во 11:00 часот, на платформата Zoom. 
Вашето присуство може да го најавите на следниот линк.
👉Како организација целиме да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека можат самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.
🙏Искрено веруваме, дека и Вие како бизнис сектор ќе дадете свој придонес кон остварување на нашите цели.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp