Како до (по)безбедни училишни средини?

Конференција: Како до (по)безбедни училишни средини?
Врсничкото насилство е еден од поголемите предизвици со кои се соочува образовниот систем во нашата земја, а оваа појава во последните години зазема сè поголеми размери. Покрај постоењето на права, средства и облици за заштита на децата, средношоколците сепак се соочуваат со разновидни облици на насилство.
Но што можеме да направиме за да ја искорениме оваа појава? На кој начин можеме да ги заштитиме средношколците од насилство? Како можеме да креираме училишни средини кои се безбедни за учениците?
Ве покануваме да земете учество на конференцијата „Како до (по)безбедни училишни средини“, настан реализиран во рамки на проектот „Не! Насилство“, имплементиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, во соработка со 10 средни училишта од Скопје, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Севрна Македонија.
Конференцијата ќе се одржи на 28.05.2021 година, со почеток од 11 часот во Ragusa360 – Rooftop.
Сите заинтересирани за учество на конференцијата можат да го најават своето учество со пополнување на следнава форма за пријавување: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdu9vDqBuKPve…/viewform
Преку учество на конференцијата ќе имате можност да се запознаете со резултатите од проектот, вклучувајќи го и изработениот протокол за справување со врсничко насилство, наменет за средните училишта, кој содржи пристапи, механизми и алатки за превенција и справување со врсничко насилство. Дополнително, во рамки на панел дискусијата која ќе се спроведе во рамки на конференцијата, ќе имате можност да чуете што прават надлежните за гарантирање на безбедна училишна средина и што е потребно да се преземе дополнително во оваа насока.
Поради моменталните мерки и протоколи за превенција и справување со состојбата предизвикана од вирусот КОВИД-19, бројот на учесници ќе биде ограничен, по принципот прв пријавен- прв услужен. Сите пријавени кои ќе имаат можност да учествуваат на конференцијата, ќе добијат меил за потврда на нивното учество.
Агенда за настанот: 
11.00- Регистрација на учесниците
11. 20- Поздравни обраќања и претставување на проектот „Не! Насилство“
11.25- Презентација на протоколот за спречување на врсничко насилство во средните училишта
11.40- Прашања од присутните и дискусија
11.50- Панел дискусија: Како до безбедни училишни средини?
12.20- Прашања од присутните и дискусија
13.00- Коктел и вмрежување

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp