По повод одбележувањето на Денот на европското обединување – 9 Мај, Европското движење во Република Северна Македонија кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел, распишува Конкурс за три најдобри есеи на тема: Имам нешто да кажам за својата иднина.
Главно есеите треба да претставуваат слободен состав во кој се прикажуваат перцепциите, ставовите и вредносната димензија на авторот (но, може да се користи и релевантна литература). Големината на текстот не треба да надмине 3.000 зборови, фонт 12 – Times New Roman, со проред 1.5. Есејот треба да биде напишан на македонски јазик.
На оваа дебата очекуваме да слушнеме во какво општество сакаат да живеат младите.
Правила за учество:
Право на учество на конкурсот имаат ученици од средните училишта, кои не учествувале претходно на овој конкурс претходните години.
На почетокот од есејот потребно е да се наведе името и презимето на ученикот, телефон за контакт, како и името на училиштето.
Најдобрите три есеи ќе ги избере тричлена жири-комисија именувана од страна на Европското движење. Предвидени се награди од Европското движење во Република Северна Македонија (Вкупен награден фонд е 250 Евра).
Конкурсот е организиран во соработка со Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија и Europe House.
Текстовите треба да се испратат најдоцна до 9 мај, во PDF формат, на меил адресата:
ТЕКСТ