Фондација ЦЕЕД Македонија објавува конкурс за учество на жени од неколку општини на обуки за:
1) Развој на бизнис идеја и бизнис план, 2) Претприемништво и менаџерски вештини, 3) Основни вештини за вработување и 4) Дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии.
Обуките се спроведуваат како дел од проектот на UN Women “Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија”, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.
Обуките се наменети за жителки на Град Скопје, како и на следните општини: Аеродром, Битола, Гази Баба, Кисела Вода, Кочани, Крива Паланка, Маврово-Ростуше, Свети Николе, Струмица и Центар.
Заинтересираните кандидатки кои ги исполнуваат критериумите за учество можат да аплицираат за една или повеќе од следните обуки достапни во нивната општина:
Тема | Општини (број на учеснички) | Критериуми за учество |
Развој на бизнис идеја и бизнис план (3 дена) | Струмица (25)
Крива Паланка (25) Центар (20) Битола (30) Аеродром (25) Кочани (20) Кисела Вода (20) Град Скопје (50) Свети Николе (25) Гази Баба (20) | – Невработена
– Има идеја за започнување на сопствен бизнис – На возраст од 18+ години – Завршено минимум средно образование – Жителка на една од наведените општини |
Претприемништво и менаџерски вештини (2 дена) | Струмица (25)
Крива Паланка (25) Центар (20) Битола (30) Аеродром (25) Кочани (20) Кисела Вода (20) Град Скопје (50) Свети Николе (25) Гази Баба (20) | – Невработена, или
– Има идеја за започнување на сопствен бизнис или има започнато свој бизнис во изминатите 3 години – На возраст од 18+ години – Завршено минимум средно образование – Жителка на една од наведените општини
|
Основни вештини за вработување (2 дена)
| Кочани (30)
Битола (30) | – Невработена
– На возраст од 18+ години – Завршено минимум средно образование – Жителка на една од наведените општини |
Дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии (2 дена) | Струмица (25)
Крива Паланка (25) Центар (20) Битола (30) Аеродром (25) Кочани (20) Кисела Вода (20) Свети Николе (25) Маврово Ростуше (2) | – Невработена, или
– Има идеја за започнување на сопствен бизнис или има започнато свој бизнис во изминатите 3 години – На возраст од 18+ години – Завршено минимум средно образование – Жителка на една од наведените општини |
Целта на овие обуки е подобрување на пристапот до и зголемување на конкурентноста на жените на пазарот на труд, преку подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување.
Обуките ќе се спроведуваат во периодот од јануари 2022 до август 2022.
Сите заинтересирани кандидатки можат да се пријават за учество на една или повеќе од обуките кои се достапни во нивните општини по електронски пат, или со директно поднесување на апликација до општината. Доколку сакате да поднесете апликација директно во вашата општина, контактирајте со одговорното лице во вашата општина наведено подолу во табелата:
Општина | Контакт лице | Е-мејл и телефон |
Аеродром пријава | Весна Марковска | 070 321 802 |
Битола пријава | Анита Ангелевска | 075 335855 |
Гази Баба пријава | Емилија Ѓурчиновска
Добри Петров | 070 237 880 072/207 082 |
Кисела Вода пријава | Симон Тошанов | [email protected]
070 683 810 |
Кочани пријава |
Љубинка Ајтовска
| 072 306 081 |
Крива Паланка пријава | Антонио Давитковски | [email protected]
075368077 |
Маврово Ростуше пријава | Суада Мавмути | 078 291 200 |
Свети Николе пријава | Ивана Димитрова | 078 534 628 |
Струмица пријава | Нела Масалковска | [email protected]
034 348 047 |
Центар пријава | Дрита Исени
Убавка Стојанова Арсова | 076 381 114 075 282 033 |
Град Скопје пријава | Даниела Тримчевска | 070 246 785 |
Рокот за пријавување е 9 јануари, 2021 година до 16:00 часот.
За дополнителни информации околу начинот на организација на обуките, пишете ни на [email protected].
Покрај горенаведените критериуми, при изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена – прва услужена“. Особено се охрабруваат да се пријават жени од ранливи категории (самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство, жени со попреченост, итн.)
ВАЖНО: Обуките ќе се спроведуваат со комбиниран пристап – онлајн и со физичко присуство, а начинот на реализација на обуките ќе зависи од епидемиолошка состојба во периодот на одржување на обуките. Доколку обуките се реализираат онлајн, постои можност за следење на обуката во просториите на општината или на ЦЕЕД Македонија, каде ќе бидат овозможени потребните технички услови.