Во пресрет на финалните консултативни процеси за креирање на Националната развојна стратегија, Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и УНДП спроведуваат широк консултативен процес со младите, со цел нивните приоритети да бидат вклучени во стратегијата.
Национална развојна стратегија (НРС) има за цел да ги претстави визијата и патоказот за нашата земја за следните 20 години. Оваа визија, која почна да се создава и гради во 2021 година, ќе треба да го замисли нашето општество во следните 20 години, до 2041 година.
Се повикуваат сите млади лица, на возраст од 18-29 години, да го пополнат прашалникот и да ги споделат своите ставови за приоритетите на Националната развојна стратегија.
Прашалникот е достапен ТУКА и неговото пополнување ќе ви одземе околу 15 минути.