Koнфереција – „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“

Фондација Метаморфозис со задоволство Ве поканува на 17-то издание на Конференцијата „е-Општество.мк“ на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“, што оваа година ќе се одржи од 30-ти ноември до 3-ти декември. Поканата содржи линкови кои водат до агендата како и формуларот за регистрација на учесници. 
 

Напомена:

  • Првите 40 регистрирани ќе имаат можност физички да присуствуваат на првиот ден од конференцијата (30-ти ноември), и на последниот ден од конференцијата (3-ти декември).
  • Согласно протоколите за КОВИД-19, за сите учесници задолжително е поседување на еден од задолжителните КОВИД-19 документи:  
  • Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени  две дози вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
  • Сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
Настанот е отворен за јавноста и Ве охрабруваме да ја споделите поканата со Вашите партнери и соработници доколку сметате дека темата ќе предизвика интерес кај нив.
 
Како дел од конференцијата, на 2-ри декември помеѓу 13:15-16:30 ќе се одржи вебинар – Како да се изгради силен и одржлив систем за заштита на приватноста, на кој ќе се дискутира актуелниот Закон за заштита на личните податоци и механизмите во Северна Македонија од аспект на ГО и граѓаните, и преку истиот ќе се обезбеди знаење и поддршка за ГО за нивното целосно усогласување со обврските што ги утврдува Законот. Приота, преку вебинарот граѓаните ќе може да го разберат Законот и моќта на (зло)употребата на нивните лични податоци од други субјекти, но и опасностите од споделување на туѓи лични податоци без никаква согласност. 
 
Напомена за вебинарот за заштита на приватноста: Вебинарот ќе биде на македонски јазик. Сите регистрирани корисници кои ќе го проследат вебинарот ќе добијат сертификати за учество на мејл адресите кои ги имаат оставено при регистрација.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp