Младинската размена „Стрип, метод за социјална инклузија“ се одржa од 11ти до 16-ти мај 2023 година во Пониква, Северна Македонија. Младинската размена е дел од програмата Еразмус+, финансирана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Партнерите за оваа младинска размена се: Менувајќи се себеси, го менувам светот – Грција; Летонско здружение за аутизам – Летонија; Ситодед, Турција.
Целите на Младинската размена се:
Да се запознаеме повеќе со секојдневието на лицата со попреченост и нивната вклученост во општеството
Да се истражат добрите практики за лицата со попреченост на локално и национално ниво во секоја од земјите-партнери на проектот
Да се дознае повеќе за различните групи со кои се соочуваат лицата со попреченост и како да се комуницира и да работи со секоја од нив
Да се запознае основната идеја за стрипот како метод што може да се користи во младинската работа
Да се користат стриповите како начин за изразување на локалната реалност на лицата со попреченост
Учесниците на Младинската размена направија 4 стрип приказни со суперхероите кои ги создадоа. Еве ги линковите за стриповите:
Стрип – Helena
Стрип – Lirael
Стрип – Og nam
Стрип – Rocky