[wpml_language_selector_widget]

Младински дијалог: Гаранција за млади

Ни претставува особено задоволство да ве поканиме да учествувате во настанот „Младински дијалог: Гаранција за млади“, којашто ќе се одржи на 23 декември, 2021 г. (четврток), со почеток во 12:00 ч. во МладиХаб (Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија), Скопје.
Настанот има за цел да воспостави дијалог помеѓу младите и младинските организации и носителите на одлуки за младински политики, во конкретниов случај – Гаранцијата за млади. Дополнително, на настанот ќе биде промовиран документот за јавни политики „Што има за младите во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан?“, што претставува заеднички напор на партнерите на платформата Connecting Youth да застапуваат за имплементацијата на Гаранцијата на млади во Западен Балкан. Целиот документ е достапен на линкот: https://connecting-youth.org/single_news.php?submit=64
Агендата на настанот е достапна подолу:
12:00 – 12:15 Регистрација на учесници
12:15 – 12:30 Воведни обраќања:
г. НИКОЛА ИВАНОВСКИ, член на Управен одбор на НМСМ
12:30 – 13:15 Дискусија: ГАРАНЦИЈА ЗА МЛАДИ
Говорници:
г. ЃОРГИ ТАСЕВ, Советник за млади и младински политики на Премиерот на Република Северна Македонија
г. МЛАДЕН ФРЧКОВСКИ, Раководител на одделение за пазар на трудот во Министерство за труд и социјална политика
г-а БОЈАНА СТЕВЧЕСКА, Виш Соработник за односи со јавност, комуникација и меѓународна соработка во Агенција за вработување на Република Северна Македонија
Модератор:
г. ФИЛИП КУЛАКОВ, Координатор за меѓународни прашања и политки на НМСМ
13:15 – 14:00 Дискусија со присутни
14:00 – 15:00 Неформално вмрежување
Дискусијата ќе се одржи со строго почитување на сите протоколи за здравствена заштита. Поради органичениот број на места за настанот, Ве молиме Вашето присуство да го потврдите со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/ZjcGqBiyqnoGbrgH9
*Патните трошоци на посетителите надвор од Скопје ќе бидат покриени.
Ве очекуваме!

ТЕКСТ

Сподели на