Младински Сојуз ВРАБОТУВА!

Младински Сојуз за потребите на канцеларијата во Скопје објавува конкурс за работен ангажман на 2 работни позиции:

1. ПРОГРАМСКИ АСИСТЕНТ

1.1 Опис на работната позиција, задачи и услови:

Програмскиот асистент активно ќе учествува во програмско спроведување и репортирање на активности во рамките на програмските приоритети на нашата организација. Асистентката/-от ќе биде одговорен/-на за планирање и спроведување на програмата на активностите за млади вокоординација со програмскито координатор, активно ќе учествува и предводи партнерски проекти, ќе подготвува извештаи и ќе обезбедува материјали за верификација на постигнатите резултати. .

Работниот ангажман е во период март – септември 2021, со осумчасовно работно време и можност за прдолжување на работен ангажман. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени даночни обрски изнесува 39.000 денари.

1.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

– Работно искуство во граѓанскиот сектор минимум 3 години

– Искуство во соработка со медиуми и организирање на промотивни активности;

– Напредно користење на социјални медиуми;

– Изградени вештини за информатичка технологија;

– Одлични познавања на македонски и англиски јазик;

– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи и тимска работа;

За предност ќе се смета:

– Работно искуство во програмско спроведување на активности за млади;

– Работно искуство во проекти за регионална соработка и помирување;

– Посетени или искуство во спроведени обуки за работа со млади луѓе.

 

2. ТЕХНИЧКИ/-А АСИСТЕНТ/-КА

2.1 Опис на работната позиција, задачи и услови:

Технички асистент/-ка ќе биде одговорен/-на за споредување на оперативните активности на ниво на проекти или канцеларија. Ова вклучува подготовка и спроведување на набавки вклучително и собирање на понуди, колектирање и подредување на финансиска документација, подготовка на тендери за набавка на материјали и услуги, дирекна комуникација со агенција за авторски права и изготвување на авторски договори, регистрација на проекти. Работниот ангажман на техничкиот асистент/-ка ќе биде во директна соработка со оперативниот координатор и претседателот на организацијата.

Работниот ангажман е во периодот март – септември 2021, со осумчасовно работно време иможност за продолжување на работен ангажман. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени даночни обврски изнесува 26.000 денари.

2.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

• Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик

• Изградени вештини за информатичка технологија

• Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи

• Возачка дозвола Б категорија

За предност ќе се смета:

• Претходно искуство во граѓански сектор

Најдоцна до 26 февруари 2021 година заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

• детална биографија на македонски јазик

• писмо за мотивација на македонски јазик

Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.

Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на

дигитално интервју по завршувањето на конкурсот.

Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

Младински сојуз гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот

без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација,

возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.

Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за програмски асистент или Конкурс

за технички асистент/-ка можете да ги доставите на следниов начин:

Електронски: contact@youthalliance.org.mk

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp