Младинско статус кво – 10 години стагнација – презентација на наоди од истражување за социјален капитал на млади

Младински образовен форум со задоволство Ве поканува на презентацијата на наодите од истражувањето „Младинско статус кво – 10 години стагнација : Истражување за младинскиот социјален капитал“ која ќе се одржи на 26-ти јануари со почеток од 12:00 часот на онлајн платформата ZOOM.
На настанот ќе се презентираат клучните постигнувања на проектот како и наодите од истражувањето како и Младинската Декларација – Документ за младински приоритети, потреби и визии. По презентацијата на наодите и Младинската Декларација ќе следи дискусија на која ќе се даде осврт на презентираните податоци и нивното значење.
На настанот ќе се обрати Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, неговата екселенција Дејвид Гир, како и :
– Министерката за образование и наука, Мила Царовска
– Младен Фрчковски, раководител на одделение за пазар на трудот (МТСП),
– Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски
– Координатор на клубот на млади пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, Јован Јаулески,
– Претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Бојан Петровски
– Претставник од Младите европски амбасадори (tbc)
Регистрирајте се на: https://forms.gle/fEp6rGZyvfgeYcgQ6
Истражувањето е реализирано во рамки на Проектот за младинско изразување кој МОФ го спроведува во партнерство со Младински сојуз – Крушево и Центар за балканска соработка Лоја, а e финансиран од Европската Унија.
Цел на истражувањето е утврдување на социјалниот капитал, ставовите кон и формите на граѓанско учество, како и ставовите и практикувањето на слободата на изразување меѓу младите во Република Северна Македонија.
Во рамки на анкетното истражување учество земаа 1960 ученици од средните училишта во земјата и 1833 студенти од јавните високообразовни установи. Покрај анализата на ставовите, перцепциите и граѓанското учество кај учесниците, беше направена и споредба со резултатите од истражувањето на социјален капитал кај средношколци реализирано во 2011 година.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp