“Youth DigiZone” претставува заедничка младинска акција заснована на солидарност, кооперација и демократија за градење на посилен и одржлив регион. Идејата беше поттикната од лошите влијанија од Ковид-19 пандемијата кои ја потенцираа потребата за политички и развојни акции, вмрежени односи помеѓу младите луѓе, институциите и владините одлуки.
Овој проект цели кон прифаќање на дигитализацијата, искуствата од учење од далечина и дигитални алатки за мобилизација на младите луѓе како одговорни граѓани кои ќе ја реобмислат соработката посеветена на евро-атлантските интергративни процеси. Проектот ќе биде имплементиран во деветмесечен период и вклучува партнери кои доаѓаат од следниве држави: Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина. Прашалникот е структуиран во четири дела:
– Генерални и лични информации за испитаниците;
– Проценка на непосредните, средните и долгорочните ефекти на пандемијата Covid-19 врз младите луѓе во регионот;
– Анализа на пристапите на Владите во врска со инклузивното закрепнување и оддржливост со посебен фокус на младите;
– Улогата на младите луѓе како катализатори на инклузивните и одржливи општества во одговорот кон кризата, закрепнување и во подготовката во идни шокови;
Забелешка: Со учество во оваа анкета, се согласувате дека вашите одговори можат да бидат користени за процеси на анализа и дека не можат да бидат оттуѓени на други лица. Одговарањето на прашалникот трае во просек 20 минути и на овој начин допринесувате кон гласот на младите луѓе во регионот.
Прашалникот најдете го тука.