Младинската организација Младите Можат/Youth Can, спроведуваат истражување за “Потреби на младите на локално ниво” – Младински локални банки од Општина Струмица.
Целта на самото истражување е да се идентификуваат младинските потреби и предизвици со кои се соочуваат младите на возраст од 15-29 години во општина Струмица, преку кои ќе се инспирира младинска акција.
Резултатите од самото истражување подоцна ќе помогнат при воспоставувањето на механизмот за младинските банки кои нудат уникатен и несекојдневен пристап кон решавање на едно од најгорливите прашања во Македонското општество – невработеноста на младите, овозможувајќи конкретно искуство и директно учество наспроти застарени методи.
Истражувањето е наменето само за млади лица од 15 до 29 години.
Во истражувањето учествуваат само млади лица од општина Струмица.
Линкот од истражувањето е достапен овде.