Млади претприемачи – нова платформа за финансиска поддршка на младински социјални претпријатија

„Млади претприемачи“ претставува crowdfunding алатка, преку која младите можат да собираат средства за формирање на социјално претпријатие. Претприемачите ги претставуваат своите иницијативи на платформата и преку crowdfunding кампања потоа можат да соберат финансиска поддршка од јавноста за реализација на нивната идеја.

Платформата е отворена за користење за веќе постоечки социјални претпријатија, граѓански организации и млади индивидуи/тимови кои имаат идеја за сопствен бизнис, меѓутоа немаат почетен капитал кој може да го вложат за развој/oсновање или унапредување. Дополнително, истата е замислена и како ресурс за постоечки и нови иницијативи, нуди помош во секој чекор од процесот на реализација на бизнис идејата, како и информации за поддршка на социјалното претприемништво, надоградување на младите претприемачи, споделување на знаење и вмрежување.

Посете ја платформата на https://mladipretpriemaci.mk

„Млади претприемачи“ е подготвена во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, кој НМСМ го спроведува со финансиска поддршка на ЕУ. Проектот се стреми да обезбеди можности за градење на капацитетите на невработените млади лица, a истовремено да ги води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво, како модерен начин на самовработување. Целта на проектот е да го зголеми интересот на младите за социјално претприемништво преку креирање различни можности во оваа област, што би резултирало и со зголемен број на социјални претпријатија.

 

Сподели на