Сојуз на извидници на Македонија како дел од низата активности по повод Светскиот ден на извидниците, 22 февруари, секоја година традиционално организира акција за донирање крв во сорaботка со Црвениот Крст.
Така и оваа година, акцијата за донирање крв ќе се одржи во малку поинакво издание.
Со сите превземени мерки, дистанца, маски и голема претпазливост ќе ја реализираме оваа крводарителска акција и ќе направиме добро дело. Ги покануваме сите извидници, пријатели на извидниците и граѓани кои сакаат да даруваат крв и да направат добро дело да дојдат во просториите на младинскиот центар „Матично“ во понеделник 22.02.2017 во периодот од 12:00 до 18:00 часот.

НАПОМЕНА: Задолжително е носење на маска (или друга заштитна опрема) и документ за лична идентификација, како и придржување кон актуелните протоколи кои се однесуваат на Ковид-19 пандемијата.
*Овој настан е наменет за оние кои имаат 18 или повеќе години. Доколку некој има 17 години и 6 месеци, а сака да дарува крв може да го направи тоа само со писмена согласност од родител или старател