[wpml_language_selector_widget]

НАСТАН ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТ „МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ЗА ПОЗЕЛЕНИ ОПШТИНИ”  

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) има чест да Ве покани на настан за промоција на проектот „Младински активизам за позелени општиниво  имплементација на МЗМП, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.   

 

Проектот е поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities.  

Проектот Младински активизам за позелени општини” има за цел да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво  

 

Промоцијата ќе се одржи вo петок, 17ти јуни 2022 година со почеток од 12:00 часот, во Europe House Скопје и on-line преку платформата ZOOM.   


На настанот ќе се претстават целите и активностите на Проектот и ќе се поттикне дебата за моменталната состојба и предизвиците со кои се соочуваат младите и младинските организации во нашата држава за учество во процесите на креирање на политики за заштита на животна средина на локално ниво.   

 

Ги охрабруваме сите младински претставници од институциите и граѓанскиот сектор, како и останати претставници на младите да се вклучат и со своето учество да придонесат кон зајакнување на позицијата и капацитетите на младите во заштитата на животната средина.   

 

Обезбеден е превод на македонски и англиски јазик.   


Ве молиме потврдете го Вашето учество на [email protected] до вторник, 14 јуни 2022 година.   

  

Бројот на учесници кои може да присуствуваат со физичко присуство е ограничен. При пријавата потребно е да се напомене дали настанот сакате да го следите во живо или преку плафтормата ZOOM. На учесниците кои ќе го следат настанот онлајн ќе им биде испратен линк од платформата ZOOM.  

  

На линкот подолу е агендата од настанот. 

 АГЕНДА   

Сподели на