Најава за вебинар: “Како да се изгради силен и одржлив систем за заштита на приватноста”

Фондација Метаморфозис организира вебинар “Како да се изгради силен и одржлив систем за заштита на приватноста” 10.02.2022 (четврток) во 10:00 – 13:30 часот. Вебинарот се организира во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталнaта агенда – ICEDA” ко-финансиран од Европската Унија.

На вебинарот ќе се дискутира актуелниот Закон за заштита на личните податоци и механизмите во Северна Македонија од аспект на ГО и граѓаните, и преку истиот ќе се обезбеди знаење и поддршка за ГО за нивното целосно усогласување со обврските што ги утврдува Законот. Приота, преку вебинарот граѓаните ќе може да го разберат Законот и моќта на (зло)употребата на нивните лични податоци од други субјекти, но и опасностите од споделување на туѓи лични податоци без никаква согласност.

Вебинарот ќе биде на македонски јазик и ќе се одвива преку ZOOM платформата. Сите регистрирани корисници ќе добијат линк за влез на ZOOM, а оние кои ќе го проследат вебинарот ќе добијат и сертификати за учество на мејл адресите кои ги имаат оставено при регистрација.

Сите заинтересирани да го проследат вебинарот се поканети да ја пополнат регистрациската форма (https://forms.gle/Hw4HSUPzhHgzwr1e6) најдоцна до 09.02.2022 до 16:00 часот, каде што меѓу другото ќе можат и да ги постават своите прашања на темата кои ќе бидат поставени на обучувачката.

Напомена: Заради потребите на проектот, вебинарот ќе се снима и ќе биде објавен на YouTube каналот на Фондација Метаморфозис, по што ќе биде споделуван по социјалните медиуми како корисен ресурс на знаење за пошироката публика.

——————————————————————————————————————————————

Проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“ го спроведува Фондацијата Метаморфозис (Северна Македонија), Академија за е-владееење (Естонија), Levizja Mjaft! (Албанија), Партнери за демократски промени (Србија), НВО 35мм (Црна Гора) и ODK – Oтворени податоци Косово (Косово). Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp