„Недела за Старт-ап бизниси и мали и средни претпријатија“ – 22-25 јуни 2021

„Недела за Старт-ап бизниси и мали и средни претпријатија“ – 22-25 јуни 2021
Настанот претставува одлична можност да се обезбедат информации за можностите за финансирање, достапните услуги и условите за започнување и водење бизнис.
Затоа доколку сте старт ап бизнис, мало или средно претпријатие или пак планирате да започнете бизнис регистрирајте се на следниот линк https://us02web.zoom.us/…/reg…/WN_XJYpMtctTPirv8n0JyeB4g
или на следната е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 21.06.2021 година.
Целта на настанот е да ги потенцира можностите и условите за отпочнување сопствен бизнис, финансиските можности за малите и средни претпријатија (МСПа), да овозможи дискусија за проблемите на старт – ап компаниите но и МСПа, но истовремено и да претставува можност да се слушнат успешните приказни од веќе постоечките старт-ап компании и МСПа.

Настанот го организира Центар за климатски промени и GS1 Македонија во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit), финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција-Македонија 2014-2020.

Утре, 25.06.2021, гостин на последниот ден од „Недела за Старт-ап бизниси и мали и средни претпријатија“ – 22-25 јуни 2021 е Ирина Јаневска од ARNO.
Не заборавајте да се вклучите навреме!

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp