И овој месец организираме недела на филмска проекција!
Младински образовен форум, во партнерство со УНХЦР Ве кани на филмска недела во Охрид и во Тетово каде ќе имате можност да го гледате филмот Welcome to Norway во режија на норвешкиот режисер Rune Denstad Langlo и каде ќе можете да дискутирате за вашите импресии од истиот. Филмот Welcome to Norway се фокусира на желбата на еден човек да направи сѐ што е во негова моќ за да не ги изгуби работите во кои вложил најмногу: неговиот хотел и неговото семејство. Дали ќе успее во својата намера, ќе заклучите вие самите на дискусијата која ќе следи по завршувањето на филмот.
Филмските проекции ќе се одржат на 13 септември во Тетово во просториите на Центарот за балканска соработка ЛОЈА со почеток од 18:30 часот и во просториите на Касарна Хаб во Охрид на 15 септември со почеток од 19:30 часот.
Сите заинтересирани своето присуство треба задолжително да го пријават на овој формулар: https://forms.gle/8JGzEsxiovzNPBpN6 – најдоцна до вторник (13 септември), 12:00 часот на пладне.
Ве очекуваме на филмче и на убава дружба!
Оваа активност е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР и партнерските агенции на ОН. Содржината создадена во рамките на активноста не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН.