
Со задоволство ги покануваме претставниците на граѓанските организации да бидат дел од четиридневна онлајн обука за заштита на лични податоци што ја организираме во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“.

Оваа обука ќе им помогне на организациите да го усогласат нивното работење со Законот за заштита на лични податоци, но и да ја подигнат свеста за заштита на личните податоци кај нивните целни групи и да се застапуваат за поголема заштита на личните податоци на граѓаните од страна на институциите и другите контролори на лични податоци.

Обуката ќе се спроведе на платформата Zoom и ќе биде организирана во 4 сесии кои ќе се одржат на: 18-ти; 20-ти, 25-ти и 27-ми октомври, со почеток во 11 часот.

Ги очекуваме вашите пријави.