Со особена чест и задоволство Global Shapers Hub Skopje најавува ОБУКИ ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ во рамки на проектот за финансиска писменост на млади!
Дали сакате повеќе да дознаете за личниот буџет, финансискиот систем, банките, инвестирањето, финансиската стабилност и многу друго?
Дали сте млада личност која сака повеќе да дознае за светот на финансиите?
Пријавете се! Едукативните обуки се бесплатни и ќе се одржат онлајн преку дигитална платформа секоја среда во март (3 март, 10 март, 17 март, 24 март и 31 март) со почеток во 19 часот.
По успешно завршување на обуките следува и сертификат за учество на обуката.
Обучувачите се членови на Глобал Шејперс Скопје Хаб и обучени тренери за „Финансиска едукација“ од страна на Народната Банка (НБРСМ).
Пријавете се со едноставно пополнување на формуларот на следниот линк: https://forms.gle/QYMTB3h4H33C3s2w6
Рок за пријавување: 2 март 2021 година
Ве очекуваме! #ФинансискаПисменост