Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои имаат минимум завршено средно образование.
Како критериуми за оценка на квалитетот на понудата покрај горенаведените минимум услови ќе бидат земени предвид и следните критериуми: образование, искуство, место на живеење во регионот каде што ќе бидат ангажирани, познавање на локалниот контекст во дадениот регион, способност за работа на терен, познавање на средината во која се спроведуваат активностите, поседување на комуникациски вештини, поседување на вештини за справување со конфликтни ситуации; поседување на компјутерски вештини.
Сите заинтересирани физички лица треба да достават:
- Професионална биографија – CV и
- Финансиска понуда (Прилог 2).
Рокот за доставување на понудите е 23.05.2022 година до 16:00 часот.
Максималниот бруто износ предвиден за ангажман на еден соработник е 18.450 мкд. Индикативен период за спроведување на услугата и испорака на бараниот аутпут е мај – јули / септември-октомври 2022 г.
Понудите се поднесуваат по електронски пат со назнака: „За повик бр. 01/ПОМ/2022/ЏА“ на [email protected].
Овој оглас се спроведува во рамки на проектот „Потпри се на младите“ кој е финансиран од Европската Унија и во партнерство го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Рурална коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.