СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
СОС Детско село го имплементира проектот “Зајакнување на младите преку нови можности“(“Youth empowerment enabling prospects”), финансиски поддржан од Министерство за економска соработка и развој на Германија (БМЗ). Целта на проектот е социо-економско зајакнување на млади од ранливи категории и нивна интеграција на пазарот на труд.
За реализација на активностите во рамки на овој проект се огласува слободнa позиција за 1 работно место:
Асистент за финансиско-административно работење (m/f)
Опис на работата:
Асистентот е поддршка на проектниот менаџер и проектниот тим за целосна и навремена имплементација на проектните активности како одговорен за финансиско- административно работење на проектот.
Главни задачи и одговорности:
- Придонесува за ефикасно дневно административно и финансиско работење и ја поддржува работата на раководниот персонал
- Го подготвува и следи статусот на ликвидност и предвидувањата на проектот
- Подготвува редовни финансиски извештаи за проектот,
- Врши подготовка за книжење/или учествува во книжење на финансиска документација
- Подготовува благајнички и вирмански плаќања на трошоците
- Пополнува ДДВ/ЕПФ обрасци за УЈП за проекти ослободени од ДДВ
- Одговорен е за подготовка и исплата на персонален данок на доход преку соодветниот даночен систем и други даноци согласно закон
- Учествува во финансиска ревизија, подготовка на годишен и финален извештај за ревизија за проектот
- Ги следи посебните финансиски политики и процедури на донаторот
- Ги следи и се придржува до стандардите и политиките на СОС Детско село, со особен акцент врз заштитата на децата.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование (предност од областа на економски науки
- Најмалку тригодишно искуство во финансиско и административно работење со проекти во граѓански сектор
- Претходно искуство во сметководство или познавања од областа
- Добро познавање на англиски јазик
- Одлични компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
Дополнителни критериуми:
- Искуство во работа на проекти поддржани од Министерство за економска соработка и развој на Германија (БМЗ) се смета за предност
- Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори (Агенции на Обединетите Нации, Европска Комисија и другидонаторот се смета за предност
- Добри комуникациски и организациски вештини
- Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност
- Способност за работа под притисок и рокови
- Возачка дозвола: Б категорија се смета за предност
Работни услови:
- Работа на определено време во траење од 12 месеци
- Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
- Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)
Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 06.06.2021 година на е-маил: [email protected] Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.