Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк) вработува административен асистент (50% – скратено работно време).
Заинтересираните кандидати треба да достават писмо во кое изразуваат интерес за работното место и кратка биографија (CV) на македонски и англиски јазик, најдоцна до 15 март 2021 година преку е-пошта: [email protected] со назнака ТС-02/21.
Преземи го деталниот опис на работните задачи и потребните квалификации.
Проектот ги замолува заинтересираните кандидати да не се јавуваат телефонски. Најуспешните кандидати ќе бидат повикани на интервју.