Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија, во партнерство со партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ и со финансиска поддршка на Европската Унија, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Проектот има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта преку обезбедување на стипендии, туторска помош, обука за училишниот персонал и поддршка на училиштата кои прераснуваат во институции кои се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.
Фондацијата преку овој повик поканува пријави за вработување на следнава проектна позиција:
ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ
РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- поддршка на проектните раководни лица во сите аспекти на Проектот, со особен акцент на програмските аспекти, мониторирањето и евидентирањето на напредокот
- одржување секојдневна комуникација со партнерите и засегнатите страни
- организирање состаноци, водење записник и друга документација
- административно и логистичко организирање на работилници и настани
- одржување на програмската документација
- редовни теренски посети и/или комуникација со училиштата
- одржување на архивата на податоци, тематски документи и извештаи.
РАБОТЕН АНГАЖМАН И МЕСТО НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ
- ангажираност на 100% од полното работно време
- ангажираност за периодот 1 август 2021 – 31 август 2023
- место на извршување на работните обврски:
- претежно канцелариска работа, со опција за повремена работа од дома во зависност од состојбата со КОВИД19
- редовна комуникација со партнерите и засегнатите страни и посети на училиштата (најмалку еднаш годишно), преку посети или онлајн, во зависност од состојбата со КОВИД19 и безбедносните препораки и протоколи
КВАЛИФИКАЦИИ
- најмалку завршено средно образование
- додипломски студии во тек, предност имаат студенти во последната студиска година на полето на образовните науки
- одлично познавање на англискиот јазик
Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават ажурирана професионална биографија и изјава за интерес со посочување на позицијата за која се пријавуваат на следнава адреса: [email protected].
Крајниот рок за доставување на апликациите е 09.07.2021 г. до 12 часот.